еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Ослободен битолчанецот кој го уби зетот, делото го сторил во самоодбрана

Ослободителна пресуда доби битолчанецот Тони Ѓорѓевски-Фердо (62), кој го уби неговиот поранешен зет.

Основниот суд во Битола прифатил дека Ѓорѓевски го сторил делото во самоодбрана и нужна одбрана, а информацијата на Фејсбук ја сподели неговиот син, Јове Ѓоргиевски.

-Конечно судот после 8 месеци донесе правилна одлука. Мојот татко е конечно слободен, фала ви на поддршката на сите, напиша Јове Ѓоргиевски.

Додека Ѓорѓевски беше во притвор за негово ослободување беа организирани и протести.

Ѓорѓевски го уби поранешниот зет, кога тој вооружен со долг нож, насилно упадна во неговиот дом.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

20 години не малтретираше: Семејството на битолчанецот кој го уби поранешниот зет, побара негово ослободување од притвор

Фото: Фејсбук/Ѓорѓевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По тешко боледување почина невохирургот Јовица Угриновски

Редакција

Македонската кошарка загуби големо име: Почина Марјан Лазовски како последица од компликации со Ковид-19

Редакција

Уште не се знае што ќе биде со трговците кои не ги почитуваат владините мерки, вели Бектеши

Редакција