еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски се повлече од лидерското место во СДСМ, го повика целото раководство да го направи истото

Лидерот на СДСМ и поранешен премиер, Димитар Ковачевски на денешната седница на Извршниот одбор на партијата се повлече од лидерската позиција и повика целото раководство да го направи истото, информираа од партијата.

-Согласно член 68б став 3, а врз основа на изборните резултати на парламентарните и претседателските избори 2024 година, како и врз основа на очигледната пасивност на дел од членовите и симпатизерите на СДСМ, вклучително и најголемиот дел на избраните и именуваните функционери на централно и локално ниво, како високо морален чин се повлекувам од функцијата претседател на СДСМ.

Истовремено повикувам истото да го направи целокупното раководство на партијата по вертикала од членовите на раководството, преку централните партиски органи, се до општинските органи на раководење на партијата.

Ваквиот чин е редовна постапка во сите европски и светски демократии, каква претендираме да бидеме и ние и треба да биде пракса на сите раководства на партијата по изборен неуспех, рече тој.

Согласно Статутот на партијата тој иницираше свикување Конгрес на СДСМ за анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ, избрани од Конгресот, со оглед на изборните резултати, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи поднесоа оставки

Кои се кандидатите за пратеници на СДСМ и коалицијата

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оставката на Заев се уште е само на „Фејсбук“, се чека да се испрати до Собрание, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Само еден од седумте новопочинати без претходни заболувања, а истиот имал контакт со потврден случај

Редакција

Каракачанов пред бугарскиот Парламент: Прашањето со Македонија останува отворено

Редакција