Освен бизнисмените Ратко Капушевски, генерален директор на фирмата “РКМ“, Асмир Јаоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ и поранешниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски во истрагата за мрежата на увозници кои тргувале со мазут со сомнително потекло и квалитет, се опфатени уште неколку лица.
Според телевизијата ТВ 21 на распит во Министерството за внатрешни работи кое вчера спроведе кординирана акција со Бирото за јавна безбедност и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција биле иили ќе одат и А. Муча, Никола Стојановски, Емил Пецаков, Марија Нешовска, Благица Марковиќ, Ружди Рамадани, Душица Сеизовска Јовановиќ, Добрила Стефаноска, Ерџан Сулкоски и Данчо Стојановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали од МВР за апсењето на Капушевски и Јаоски: Запленето и оружје
И Васко Ковачевски е опфатен во истрагата во која беа приведени Капушевски и Јаоски
Приведени бизнисменот Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јаоски