еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои министерства ќе ги добие ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а кои „Вреди„ и ЗНАМ

Повеќе медиуми објавија како ќе изгледа распоредот на министерства во новата влада, која ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, коалицијата на албанските опозициски партии, „Вреди„ и ЗНАМ – За наша Македонија.

Кадри на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе раководат со Министерствата за внатрешни работи, Министерствотоза финансии, Министерството за транспорт и врски, Министерството за образование и наука, Министерството за култура, Министерството за надворешни работи, Министерството за земјоделства, шумарство и водостопанство, Министерството за локална самоуправа, Министерството за одбрана, Министерството за енергетика, кое допрва треба да се формира, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Кадари пак на „Вреди“ ќе ги водат Министерството за животна средина и просторно планирање (министерот истовремено ќе биде и вицепремиер), Министерството за здравство, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за економија и труд, Секторот за евроинтеграции и министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.

Коалицијата „Вреди„ ќе го добие и местото претседател на Собранието.

ЗНАМ ќе го добие Министерство за правда и новото Министерство за администрација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе лица се под посебни истражни мерки за случајот со Онкологија, откри Спасовски

Редакција

Починаа седум лица заразени од корона вирусот

Редакција

Сопруга на пациент и ќерка на пациентка помеѓу загинатите во ковид-центарот во Тетово, Обвинителство со детали за истрагата за пожарот

Редакција