еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои се Владислав Хаџидинев и Милка Тодорова кои се реизбрани за членови на УО на УНИ Банка

Милка Тодорова и Владислав Хаџидинев се реизбрани за членови на Управниот одбор (УО) на Универзална Инвестициона (УНИ) Банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милка Тодорова и Владислав Хаџидинев реизбрани за членови на УО на УНИ Банка

Кој е Хаџидинев

Според податоци од официјалната страна на Банката, Хаџидинев и се приклучува на Банката во 2015 година како извршен директор и член на УО.

Со промената на организациската шема во 2016 година Хаџидинев е именуван за главен директор за финансии, член на УО и извршен директор.

Од мај 2019 година, со новата организациска шема, Хаџидинев извршува функции на извршен директор и член на УО.

Пред тоа Хаџидинев бил дел од Прва Инвестициона Банка АД Софија, Бугарија, Бугарска Народна Банка и Адви Корп во Лондон.

Во неговата кариера има работно искуство во приватното банкарство, управување со инвестициско портфолио и трговија со хартии од вредност.

Хаџидинев одговорноста во Банката ја има за рaботењето на: Дирекцијата Финансии и сметководство, Дирекцијата Управување со ризик, Дирекцијата Управување со проблематични пласмани, Дирекцијата Информатички технологии, Дирекцијата Платни системи, Дирекцијата Картично работење и Дирекцијата Кредитна Администрација.

Хаџидинев не зазема други позиции освен позициите во Банката.

Која е Тодорова

Тодорова започнала со работа во УНИ Банка во 2011 година како член на Надзорниот одбор (НО), функција која ја извршува до 2018 година.

Од 2019 година, Тодорова извршува функции на извршен директор и претседател на УО, а со измените на статутот извршува функции на главен извршен директор и претседател на УО.

Тодорова одговорноста во Банката ја има за работењето на: Дирекцијата Правни работи, Служба за контрола на усогласеност со прописи, Служба за спречување перење пари и финансирање тероризам, Дирекција Корпоративно банкарство, Дирекција Банкарство за население, Дирекција Кредитен центар, Дирекција Човечки ресурси и Дирекција Маркетинг и реклама.

Пред да се приклучи на Банката, Тодорова има работено и извршувано повеќе функции во Прва Инвестициона Банка АД Софија, Бугарија и тоа како: кредитен експерт за корпоративно банкарство, заменик директор за корпоративно банкарство, директор на Дирекцијата за кредитирање на мало, како и член на УО.

Исто така во периодот 2013 – 2014 година беше извршен директор на Унионбанк АД Софија, Бугарија.

Тодорова e независен член на НО на Интернационален картичен систем АД Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УНИ Банка со добивка и зголемени приходи во третиот квартал

УНИ Банка со добивка во првото полугодие

Константин Илијчов Арнаудов избран за член на Надзорниот одбор на УНИ Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкетна комисија ќе утврдува дали има политичка одговорност за функционери поврзани со случајот на Онкологија

Редакција

Борче Хаџиев нов директор на Бирото за јавни набавки

Редакција

„Бауер БГ“ го доби тендерот на Град Скопје за реконструкција на улица Димитрија Чуповски вреден 73.000 евра

Редакција