еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стопанска банка Скопје нема да дели дивиденда

На престојното Собрание на акционери на Стопанска банка АД Скопје една од предлог-одлуките на дневниот ред е прераспределбата на акумулираната добивка, соопшти Банката преку Македонската берза.

Според истата Собранието на акционери ја одобрува прераспределбата на дел од акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите, во вкупен износ од 2.460.000.000 денари.

Наведениот износ не е расположлив во иднина за исплата на дивиденда на акционерите (ограничена за распределба на акционерите).

-Горенаведеното е со цел да обезбеди коефициентот на адекватност на капитал да биде усогласен со регулативните барања пропишани од страна на Народна Банка на Република Северна Македонија.

Воедно, наведеното ќе биде во поддршка на Деловниот план на Банката во следниот период.

Дополнително, ова ќе го зајакне основниот капитал на Банката преку прераспределба на акумулирана добивка во акумулирана добивка која нема да биде расположлива за исплата на дивиденда на акционерите во иднина (ограничена за распределба на акционерите) и ќе служи како основа за подршка на деловните и развојните цели на Банката, појаснуваат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владимир Филиповски и Сашо Ќосев повторно предложени за членови на НО на Стопанска банка Скопје

Колку пари лани чувале граѓаните и фирмите во Стопанска банка Скопје

Стопанска банка Скопје лани со зголемена добивка за 36%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска и контра-Парада на гордоста во Битола

Редакција

„Алкалоид“ ја пушти во функција својата нова професионална дигитална платформа за медицински професионалци

Редакција

СЗО: Потребна е вакцинација на 60-70% од популацијата за се спречи Ковид-19

Редакција