еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Контролорите на летање нема да штрајкуваат

Контролорите на летање го откажаа штрајкот најавен за на 25 и 31. декември, информираше денеска претседателот на Самостојниот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски.

„Заклучивме да го откажаме штрајкот од неколку оперативни причини. Видовме дека со нашата активност доведуваме до тоа изборот на неопходниот оперативен кадар да биде пролонгиран и да не може да се изврши доколку продолжиме да инсистираме на 10 работни денови за конкурсот, а и понатаму стоиме на тоа дека треба да отпаднат тие двајца несуштински кандидати за вработување.

Имавме опција или целосно да се откажат сите вработувања или да прифатиме, односно да ја „проголтаме“ неисправноста од страна на директорите кои веројатно играле на таа карта за да немаме шанса за маневрирање,“ изјави Тасевски.

Фото: М-НАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

90 деца се лекуваат на Клиниката за детски болести како резултат на постковид компликации

Редакција

Смени во менаџментот на фабриката Карпош

Редакција

Пошта се уште не испраќа пратки за Австралија

Редакција