еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Кој боја на смартфон преферирате? Најновото истражување на Motorola открива неочекуван тренд!

Претставувањето на бојата на годината е годишен спектакл кој опфаќа бројни индустрии, од внатрешен дизајн до мода, психологија и технологија. Со претставувањето на бојата на годината за 2024 и ексклузивната соработка со Pantone Colour Institute, Motorola го направи првото истражување кое покажува дека преференциите за боја и материјал играат голема улога при изборот на телефон, навлегувајќи во желбите и ставовите на потрошувачите во Централно-источна Европа.

Ова истражување покажува изненадувачки резултати како тоа дека белата е последен избор при купување на смартфон и дека 47% од машките испитаници се подготвени да поседуваат Viva Magenta телефон (телефон во розево – виолетова нијанса). Ова истражување е направено во 8 земји – Бугарија, Полска, Романија, Чешка, Словачка, Украица, Унгарија и Србија.

Сина боја, несомнен фаворит

За 33% од испитаицитее, сината не е само боја туку личен печат – како што тврдат дека сината е нивната go-to боја при избор. Помладите жени водат во прифаќањето на спектарот на бои, предизвикувајќи ја традиционалната црно-сина-зелена комбинациија.

Црната боја го зазема второто место при изборот. Gen Z покажува дека е најмногу конзервативна кога станува збор за избор на бои, со тоа што е единствената возрасна група која ја избира црната за омилена. Зелената е рангирана на трето место со тоа што 13% од испитаниците се изјасниле за неа. Црвената доаѓа на 4то место со само 10% од гласовите.

Виолетовата е најчестиот избор во опцијата на “дополнителни бои“, со што ја индицира својата популарност.

Милениумците докажаа дека се отворени при изборот на бои

Дури 82% од испитаниците се подготвени да го „зачинат“ својот стил со телефон во својата омилена боја. Милениумците докажуваат дека се подготвени да ги отфрлат конвенционалните бои и да нурнат во светот на енергичната технологија. Ова означува отстапување од монохроматската ера, нагласувајќи ја желбата за персонализирани и експресивни технолошки додатоци.

 Црната се уште е најдар избор, но се прифаќаат и други бои

Црна, безвременската класика, ја докажува својата популарност со тоа што 42% од испитаниците тврдат дека последниот телефон кој го купиле бил во црна боја. Сепак,  шарените опции се прифатени со тоа што се одбрани од 38% од испитаниците.

Металната боја е на дното со 16%, додека белата е на заминувачка позиција со тоа што е најретко избрана боја при избор на боја на телефон.

Но, колку е важно тоа? Многу, според резултатите! Повеќе од 35% жени и 30% мажи тврдат дека бојата на уредот се рангира во главните фактори кога се избира нов телефон. Тој процент е дури повисок за една специфична возрасна група – 18-24 годишни.

Ова покажува дека телефоните не се само за практичност, туку тие значајно учествуваат во персонализирање на стилот. Потрошувачите не бараат само уред кои работи, тие бараат уред кој ќе се вклопи во нивниот стил.

Viva Magenta го држи централното место

Големото влегување на Viva Magenta како Pantone боја на за 2023 година е пречекана со ентузијазам од 63% од женските испитаници кои тврдат дека би купиле телефон кој е во тренди розево-црвена нијанса. Ова означува дека не е само изборот на бојата туку и желбата да се следи трендот и да се остави стилски печат. За помал процент, но сепак забележителен 47% од мажите се изјасниле дека би земале телефон во оваа нијанса и дека би се оттргнале од традиционите бои.

Материјалот е важен – од што е направена задната маска?       

Скоро половина од испитаниците 49% преферираат метален заден дел на телефонот. Пласиката ја одобруваат мажите како свој втор избор (18%), додека жените сакаат елеганција на твдо стакло (20%). Веганската кожа е омилен избор кај жените над 35 години.

62% од испитаниците тврдат дека завршниот материјал на телефонот може да влијае при изборот. Додека за само 10% тоа не е нешто што би го зеле во предвид при изборот на телефон.

Еволуцијата на личното изразување преку технологијата е незапирлива. Иако сè уште е малку срамежлива зад доминантната црна боја, бојата ќе биде во првите редови на оваа револуција каде иновативноста и индивидуалноста немаат граници. Старомодните норми за боја исчезнуваат. Вродената рационалност преовладува во аспектите на претпочитаниот материјал и неговата важност иако растечката популарност на еколошките опции е многу ветувачка.

Motorola и Pantone ја поставија подлогата каде смартфоните не се само функционални алатки, туку персонализиран израз на идентитетот.

 Единствен застапник и дистрибутер на Motorola смартфони во Македонија е компанијата АИТОНИКС АД. Актуелните Motorola смартфони можете да ги пронајдете во ритејл мрежата и телекомите.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Универзална сала виа Мавровка: Слика за урнати вредности и институции

Редакција

9 лица од 101 кои во последните две недели починале од Ковид-19 биле вакцинирани и имале повеќе хронични заболувања

Редакција

Пукањето во Чаир е нова пресметка на криминалните групи „Барон“ и “Грчец“, објави Телма

Редакција