еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Билал Суџубаши, кој е реименуван за главен извршен директор и претседател на УО на Халк Банка

Актуелниот главен извршен директор на Халк Банка АД Скопје, Билал Суџубаши, останува на оваа функција уште две години, информираа од Банката.

Тој останува и претседател на Управниот одбор (УО) на Банка, а на таа функција е од 26. декември 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Билал Суџубаши реименуван за главен извршен директор и претседател на УО на Халк Банка

Кој е Суџубаши

Др. Билал Суџубаши е роден во 1972 година во Даренде, Малатја, Турција.

По дипломирањето на Факултетот за економски и административни науки при Универзитетот Ерџијес своето образование го продолжува на Одделот за бизнис, менаџмент и организација при Универзитетот Инону во Малатја, стои во неговата официјална биографија.

Има завршено магистерски и докторски студии.

Својата професионална кариера ја започнува како учител во Даренде, а потоа стажира во Советништвото за финансии во Малатја.

Во текот на својата кариера работи како службеник во филијалата на Халкбанк во Даренде, како заменик раководител на Дирекцијата за организација, директор на филијалата во Аксарај/ Ортаќој, директор на Секторот за маркетинг за физички лица во Регионалниот координативен центар Дијарбакир, идректор на Секторот за корпоративен маркетинг, директор на комерцијалната филијала во Мерсин и директор на Секторот  за корпоративен маркетинг во Халк Банкаси А.Ш. Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Беркан Имери и Александар Иљов именувани за извршни директори и членови на УО на Халк Банка

Фото: Халк Банка/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска почнува новото судење за масовното прислушување, Сашо Мијалков повторно во обвинителна клупа

Редакција

Нови 98 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

ЈП за државни патишта вработува шест лица, плата до 37.947 денари

Редакција