Објавени се имињата на сите кандидати за заменици министри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед: Сите нови заменици министри
Зоран Димитровски од Демократскиот сојуз е кандидат за заменик министер во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на сите кандидати за заменици министри.
Кој е Зоран Димитровски
Роден е на 10.03.1964 година во Скопје.
Во периодот од 1993 до 1995 година станал магистер по политички науки, Департмент за политички науки при Централен европски универзитет во Будимпешта, Унгарија.
Тој е дипломиран новинар. Во периодот од 1983 до1987 година дипломирал на Интердисциплинирани студии по новинарство при Универзитет Св. “Кирил и Методиј“ во Скопје.
Зборува англиски јазик.
Политичка кариера
Од 2023 година е генерален секретар на Демократскиот сојуз.
Од 2020 до 2023 година беше заменик министер за локална самоуправа.
Новинарска кариера
Од март 2014 до декември 2019 година е соработник, заменик главен и одговорен уредник, а потоа и главен и одговорен уредник на „Фокус“.
Од март 2012 до март 2014 година е главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“.
Од април 2011 до март 2012 година е главен и одговорен уредник на „Дневник“.
Од ноември 2010 до април 2011 година е уредник на политичкиот магазин „Публика“, саботен прилог на „Дневник“.
Од март 2010 до ноември 2010 година е раководител на човечки ресурси во Медиа Принт Македонија, друштво за услуги на „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“.
Од март 2005 до март 2010 година е заменик на главниот и одговорен уредник на неделникот „Фокус“.
Од ноември 2001 до октомври 2004 година е дописник на изданијата на НИП „Нова Македонија“ – „Вечер“ и „Нова Македонија“ од Вашингтон, САД.
Од март 2003 до октомври 2004 година е дописник на радио Дојче Веле на македонски јазик од Вашингтон, САД.
Од ноември 2000 до ноември 2001 година е главен и одговорен уредник на „Вечер“.
Од јуни 1999 до ноември 2000 година е помошник на главниот и одговорен уредник на „Нова Македонија“ и уредник на саботното издание.
Од јуни 1995 до април 1999 година е заменик на главниот и одговорен уредник и главен и одговорен уредник на неделникот „Фокус“.
Од јуни 1994 до март 1995 година е уредник на политичката рубрика во магазинот „Млад борец“.
Од март 1990 до септември 1993година е уредник на политичката рубрика, а потоа директор и главен и одговорен уредник на политичкиот магазин „Млад Борец“.
Од септември 1989 до март 1990 година е уредник на политичката рубрика во „Студентски збор“.
Од март до септември 1989 година е репортер во „Нова Македонија“.
Од септември 1985 до 1989 година е репортер, а потоа и уредник на политичката рубрика во неделникот „Студентски збор“.
Од септември 1985 до 1988 година е репортер и уредник во младинската програма на Македонската телевизија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Ален Деребан, кандидат за заменик министер за правда
Која е Елфет Исмаили, кандидат за заменик министер за одбрана
Кој е Астрит Исеини, професор по физичка култура, кој ќе биде заменик министер во МВР
Фото: Димитровски/Фејсбук