еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Панче Тошковски, кандидат за министер за внатрешни работи

Панче Тошковски, од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше технички министер за внатрешни работи во последната техничка Влада е кандидат за министер за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кој сѐ е дел од неа: Во Собранието доставен составот на новата влада

Образование

Роден е во јуни 1982 година.

Според неговата биографија Тошковски е магистер по кривично право и криминологија на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје.

Има положено правосуден и адвокатски испит, а работи како адвокат во граѓански, имотно-правни, трговски, кривични и управни спорови пред домашни и меѓународни судови.

Политичка кариера

Во период од 2008 до 2011 година работел како советник во Министерството за транспорт и врски, во Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во сопственост на државата Скопје, а бил и член во неколку комисии и работни тела.

Тошковски е претседател на Комисијата за правни прашања на ВМРО-ДПМНЕ.

„Адвокат на партијата“

Како адвокат тој беше бранител на неколку обвинети функционери и членови на партијата во случаите кои ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство.

Пред судовите застапуваше и други членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ во други случаи.

Тој даваше адвокатски и советодавни услуги и на поранешното државно акционерско друштво Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), сега Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), додека таму директот беше лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Цветан Трипуновски, кандидат за министер за земјоделство

Кој е Тимчо Муцунски, кандидат за министер за надворешни работи

Која е Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за министер за финансии

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата одлучи: Од утре полициски час од полноќ

Редакција

Од 1 ноември ќе има топлинска енергија, ЕСМ склучи договор за набавка на гас

Редакција

Обемот на соработката во регионот се намалува, компаниите се во многу тешка позиција поради неизвесноста, велат од Стопанска комора

Редакција