Пеце Матевски, поранешниот директор на РЕК Битола е осомничен за злоупотреба на јавна набавка. Како што информираа од Управата за финансиска полиција (УФП) и Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола, тој наместо најевтината, избрал поскапа понуда на тендер во 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директор и вработени во ЕСМ осомничени дека проневериле 178,3 милиони денари
Тој и неколку други вработени се сомничат за проневера на 178,3 милиони денари.
ОЈО Битола откако УФП поднесе кривична пријава за него и уште неколку лица, отвори истрага за злоупотреба на службената положба и несовесно работење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО Битола бара замрзнување имот за злоупотребата при јавната набавка во РЕК Битола
Кој е Матевски
Пред да стане директор на државната РЕК Битола, во ноември 2021 година, тој бил директор на Термоелектрана.
Според неговата биографија тој е дипломиран машински инженер, кој магистрирал менаџмент на човечки ресурси во 2016 година.
Претходно пак бил хармоникаш. Настапувал со групата Бон – Тон, а бил дел и од Три Бенд, со кој имал гостувања во ресторани и на свадбени веселби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој друг освен Васко Ковачевски и Васко Стефанов е осомничен за криминалот тежок 6,5 милиони евра
Каков имот пријавил Васко Ковачевски, кој е осомничен во „Адитив„
Каков имот пријавил Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ, кој е уапсен