еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Кој сè ќе настапи за дочекот на Нова година во Охрид

За дочекот на Новата година на градскиот плоштад “Св. Климент Охридски“ во Охрид ќе настапат диџеите Јана Слеј и Багзи, Татијана Стефановска, групата ДНК, Нино Величкоски и групата „Фортуна“, информираа од Општината.

Почетокот е во 21:00 часот.

На 1. јануари следната година точно на пладне пак ќе настапат групата „Балкан џем“ и Драган Мијалкоски.

Новогодишната програма во Охрид ќе започне со „Светот на Биби“ на 28. декември. Наредниот ден на плоштадот ќе се одржи театарската претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“, а на 30. декември детската претстава „Далматино и Дедо Мраз“.

На 31 декември на плоштадот ќе биде одржан и музичко – театарскиот спектакл за деца и млади „Новогодишна детска бајка“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Протест на ВМРО-ДПМНЕ против „мафијата и за слобода и правда“

Редакција

Девизните резерви во март 4.2 милијарди евра

Редакција

Приштина и Скопје треба да ја спречат Србија да го шири рускиот и кинескиот интерес во регионот, вели косовскиот премиер Курти

Редакција