еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е „Пуцко Петрол„ на Асмир Јахоски, кој е осомничен за перење пари при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино

Фирмата „Пуцко петрол“ е во фокусот на јавноста, откако нејзиниот сопственик, Асмир Јахоски од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) е осомничен за перење пари при набавка на мазут со сомнително потекло и квалитет, за државната ТЕЦ Неготино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Капушевски и Јахоски осомничени за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино вредна 167 милиони евра: Детали од Обвинителството

Тој од Кривичниот суд Скопје доби домашен притвор, а ОЈО ГОКК го обжали решението и побара затворски притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството го обжали куќниот притвор за Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол“, бара затворски

Зошто Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол“ доби домашен притвор?

Во истиот случај се осомничени и сопствениците на фирмата „РКМ“, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, кои добија по 30 дена притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од „Пуцко петрол“ тврдат дека никогаш не увезувале мазут

Од фирмата „Пуцко петрол“ пак тврдат дека никогаш не увезувале мазут и дека името на фирмата непотребно се спомнувало во случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имотот на Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол„ кој доби домашен притвор, под лупа на Обвинителството, што пријавил татко му?

Која е „Пуцко петрол“?

Фирмата „Пуцко петрол“ од селото Пласница и е добро позната на македонската јавност, пред се поради бројните државни тендери кои ги доби во изминативе децении.

Лани истражување на Центарот за граѓански комуникации покажа дека „Пуцко петрол“ во последните пет години добила дури 1.776 договори, вредни 137 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марковски компани за 5 години склучила 77 договори за јавни набавки, Д-р Пановски, 1.491, а Пуцко петрол 1.776

Податоци на Бирото за јавни набавки пак покажува дека фирмата во последните 15-тина година добила тендери вредни околу 300 милиони евра.

Истата во 1993 година ја основал таткото на Јахоски, Исмаил Јахоски, кој неверојатни 24 години беше градоначалник на Општина Пласница, а сега е пратеник на опозициската ДУИ.

Истата располага со повеќе бензински пумпи и се занимава со промет на нафтени деривати, градежни материјали и други дејности.

Јахоски има четири деца, а сега фирмата ја води Асмир Јахоски.

Обид за влез и градежниот бизнис

Во 2022 година фирмата купи плац од 42.000 метри квадратни кај поранешната фабрика „Алумина“ во Скопје, каде според тоа што презентираа од Општина Карпош требаше да се градат осум згради, но измените на ДУП-от за тој простор не беа усвоен од страна на Советот на Општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ратко Капушевски, сопственикот на „РКМ“, кој заврши во притвор за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино

Каков имот пријавил Ратко Капушевски, кој заврши во притвор за набавката на отровниот мазут

Кај кого МВР при акцијата за отровниот мазут најде и оружје?

Фото: Фејсбук/Јахоски/Економија и бизнис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Во кои градови во Македонија има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

(Фото) Премиерот Заев со сопругата на божествена литургија во црквата „Свети Леонтиј“ во Водоча

Редакција

(Видео+Фото) Пожар во зградата на Секретаријатот за европски прашања и МИА

Редакција