еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за градоначалник, вршел исплати во време на избори

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднела кривична пријава против градоначалник на општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори” по член 165-в од Кривичниот законик.

-Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195.000 денари согласно програмата за мерките и активностите на општината во областа на социјална заштита од буџетски средства за 2019 година.

Имено, пријавениот ги извршил исплатите на 15.02.2019, 18.03.2019 и 12.04 2019, односно во период кога се распишани Претседателските избори 2019 година, со што постапил спротивно на член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот Законик и член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се за Велигденскиот пост: „Кој пости, душата ја гости“

Редакција

Алкалоид – добитник на наградите за Најтранспарентно котирано акционерско друштво и за Акција на годината за 2022 година

Редакција

92 се реинфекции: 465 нови случаи на Ковид-19 од 1.707 тестови

Редакција