еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали од Финансиската полиција за истрагата за Мирчески, поранешниот директор на СОЗР на Владата

Од Управата за финансиска полиција информираа дека за поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Пеце Мирчески е поднесена кривична пријава за кривичните дела Примање поткуп, Фалсификување службена исправа, Проневра во служба и Несовесно работење во служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески

Кривична за Давање поткуп за истиот случај заработи и уште лице, во својство на сопственик и управител на правен субјект од Скопје.

-Првопријавениот П.М, во својство на службено лице – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, во периодот од 9.6.2021 година заклучно со 13.06.2024 година, свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши и потпишал пет договори за јавни набавки со правен субјект од Скопје, во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П, a притоа не го пријавил постоењето на судир на интереси, не се изземал од истите постапки за јавни набавки и во текот на целиот тој период, а и по престанувањето на функцијата директор, остварувал директна материјална корист за себе и за свое блиско лице од правниот субјект во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П. и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело Примање поткуп по член 357 став 1 и став 3 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, а второпријавениот го сторил кривичното дело Давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Дополнително, првопријавениот П.М, свесно и со умисла во вкупно пет службени исправи – изјави за непостоење судир на интереси во постапките за претходно наведените јавни набавки, внесувал лажни и невистинити податоци и истите со свој потпис овозможил да бидат употребени како вистинити и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело Фалсификување службена исправа по член 361 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Првопријавениот П.М, во својство на директор на Службата за општи и заеднички работи, во период од 01.01.2022 заклучно со 13.06.2024 година, во повеќе наврати, прикажувајќи невистинити податоци дека се работи за службени патувања за службени потреби и цели, потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авио билети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство и со тоа овозможил лично за себе и за други лица вработени во Службата да се стекнат со имотна корист во вид на хотелски сместувања, авио билети за реализирани патувања, изнајмување на рент а кар возила за приватни потреби и цели како и исплатени дневници за службени патувања во вкупен износ од 1.792.859 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија и го сторил кривичното дело Проневера во службата по член 354 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Исто така првопријавениот П.М, во својство на директор на Службата за општи и заеднички работи и во својство на одговорен менаџер- accountable manager на Авио Службата при Службата за општи и заеднички работи, иако знаел и бил свесен, а од 27.10.2023 година и запознаен со фактот дека едно лице вработено како пилот, не ги исполнувало условите за капетан-водач на воздухоплов, со несовесното вршење на своите овластувања и должности, овозможил на истото лице во периодот од 27.10.2023 заклучно со 14.06.2024 година од Службата за општи и заеднички работи да му биде исплаќан месечен надоместок по основ на плата во својство на капетан- водач на воздухоплов, на кој начин првопријавениот овозможил лицето да се стекне со имотна корист во вкупен износ од 3.444.615 денари, а на штета на Буџетот на Република Северна Македонија и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело Несовесно работење во службата по член 353-в став 2 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првата авторизирана биографија на Дарко Панчев во издание на „Арс Ламина” ќе биде промовирана на 25 септември

Редакција

ЕДС го доби тендерот на МЕПСО за набавка на струја вреден 425.000 евра

Редакција

Уставниот суд не донесе одлука по иницијативата за привилегиите на пратениците

Редакција