еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Маж од радовишко уапсен поради подметнување пожар

Маж од радовишкото село Али Коч завчера е уапсен поради подметнување пожар во близина на селото, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од Територијалната противпожарна заштита од Радовиш вчера пријавиле во Одделението за внатрешни работи дека околу 12 часот на две места во близина на селото Али Коч настанале пожари во кои горела дабова шума.

Полициските службеници, по преземените мерки, утврдиле дека лицето С.Р. од истото село ги подметнало пожарите. Со тоа, како што велат од МВР, мажот сторил две кривични дела и тоа за предизвикување општа опасност и предизвикување шумски пожар.

Лицето било приведено и во службен разговор признало дека ги сторило кривичните дела по што било задржано во полициската станица во Радовиш.

Од радовишката полиција велат дека по документирање на случајот до надлежното Јавно обвинителство Струмица ќе поднесат соодветна кривична пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепска пивара со намалена добивка

Редакција

Убава вест: 397 оздравени од Ковид-19

Редакција

Пендаровски во вторник на средба со Макрон во Париз

Редакција