Маж на возраст од 66 години од Скопје вчера загинал во сообраќајка во скопското село Булачани.
Се работи за З.М., кој во несреќата се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, каде починал, а од страна на лекар констатирана била смрт.
Несреќата, како што информираа од Министерството за внатрешни работи, се случила на улицата „1“ во Булачани помеѓу патничко возило „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од починатиот и патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ц. (30) од скопското село Црешево.
Со телесни повреди се здобиле и Р.Ц., нејзината малолетна сопатничка и уште една сопатничка од возилото „даеву матиз“, С.М. (61) од Булачани, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.