еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Македонец нов лик во култната „Симпсонови“

Во нова епизода на култната анимирана американска серија „Симпсонови“ ќе се појави лик од Македонија, кој е спортист и станува нова сензација во градот Спрингфилд.

Тој игра бејзбол, нетипичен спорт за Македонија.

Информацијата на Фејсбук ја сподели Невена Нешкоски, која заедно со брат и Наум и сестра и Невена, кои живеат во САД, а потекнуваат од Македонија, биле дел од изработката на епизодата.

Нешкоски се креатори на детскиот едукативен јутјуб-канал „Дарко Биберко“, а во подготовката на епизодата имале повеќекратна улога – од превод, преку консултации, до интерпретација на песна која ја испеале на македонски јазик.

Епизодата ќе биде емитувана во недела, на 27. април, во 20:00 часот по источен часовен појас на американската телевизија Фокс, односно во 2:00 часот по полноќ по македонско време.

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните што се вакцинирани со Синовак и Синофарм, трета доза може да примаат по три месеци од ревакцина

Редакција

(Видео) По 41 година најдена изгубена песна од Тина Тарнер

Редакција

Трите најголеми стопански комори очекуваат повеќе од Владата за справување со кризата од корона вирусот

Редакција