еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија пред Германија, Турција и Франција во НАТО според процентот од БДП наменет за одбраната

Македонија со издвоени средства за одбраната од 2,22% е на 11. место според висината на стапката на средствата од бруто-домашниот производ (БДП), стои во најновиот извештај на НАТО за одбранбените трошоци на земјите членки, кој го пренесува државната агенција МИА.

Прва е Полска со 4,12% од БДП, следи Естонија со 3,43%, САД со 3,38%, Летонија со 3,15%, Грција со 3,08%, Литванија со 2,85%, Финска со 2,41%, Данска со 2,37%, Велика Британија со 2,33% и Романија со 2,25%.

По Македонија, на 12. место е Норвешка со трошоци за одбраната од 2,20%, Бугарија со 2,18%, Шведска со 2,14%, Германија со 2,12%, Унгарија со 2,11%, Чешка со 2,10%, Турција со 2,09%, Франција со 2,06%, Холандија со 2,05%, Албанија со 2,03%, Црна Гора со 2,02% и Словачка со 2%.

Според Извештајот, вкупно 23 од 32. членки на НАТО во 2024 година го достигнале договореното ниво на трошоци за одбраната од два отсто од националниот БДП, што е повеќе од двојно во споредба со лани, кога оваа цел ја оствариле само 10 сојузници.

Под прагот и натаму остануваат Хрватска со 1,81%, Португалија со 1,55%, Италија со 1,49%, Канада со 1,37%, Белгија со 1,30%, Луксембург и Словенија со по 1,29 и на последното место е Шпанија со 1,28% од БДП издвоени за одбранбени трошоци.

Македонија во државниот Буџет за 2024 година за потребите на одбраната има предвидено 263 милиони долари.

Согласно дефинициите на НАТО, како трошоци за одбраната се сметаат исплатите направени од страна на националните влади за потребите на своите вооружени сили, на сојузниците или на Алијансата. Во расходите за одбрана, меѓу останатите, се вклучени и трошоците за други сили финансирани преку буџетите на други министерства, покрај оние од Министерството за одбрана, како и средствата директно исплатени од државата за пензии на воените лица и цивилите што биле вработени во воените структури, за мировни и хуманитарни операции, за уништување на оружје, опрема и муниција и за истражување и развој.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во струшката болница од морбили се заболени 9 вработени од вкупно 56 на хируршкото одделение

Редакција

(Фото) Во Теново пуштена во употреба фотоволтаична централа со моќност од 1,2 мегавата

Редакција

Сите детали: За кого не важи полицискиот час и кога ќе се шетаат милениците

Редакција