еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија сакаат да ја дестабилизираат поранешни функционери со големи пари, тврди Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откако пред извесно време изјави дека се подготвува дестабилизација на земјава, откри детали кој ќе го направел тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ есенва може да преземе чекори за дестабилизација на државата, вели Мицкоски

Според него станува збор за функционери во поранешни влади кои располагаат со огромни милионски суми на пари, но не откри имиња.

„Дел од нив се високи функционери во поранешни влади, коишто се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголемиот дел да манипулираат, а она што мене посебно ме загрижува, се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија.

Тоа е најмногу што ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин не можат да мобилизираат луѓе, единствениот начин е да испровоцираат ваков тип конфликт – тоа нема да го дозволиме.

Апелирам до јавноста, медиуми, граѓаните, да се воздржат од какви било провокации. Порано или подоцна, сторителите на вакви провокации ќе одговараат, но ве молам за трпение“, изјави тој.

Пред неколку дена и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски потврди дека се подготвува дестабилизација на земјава од страна на опозициската ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Тошковски тврди дека ДУИ наесен може да преземе чекори за дестабилизација на државата

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбраната на Марјан Стаменковски смета дека изречената казна е висока и најави жалба

Редакција

ЈП „Национална Радиодифузија“ вработува 11 лица, плата до 47.562 денари

Редакција

Еврокомесарот за проширување, Вархеји му порачал на Османи дека се работи на старт на преговори годинава

Редакција