еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонија „старее“: Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Бројот на живородените деца во Македонија во четвртото тримесечје од 2023 година изнесува 4.185 и во споредба со истиот период од претходната година, е помал за 4,5 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во четвртиот квартал лани е 5.028 лицa, што е за 1,5 % помалку од 2023 година.

Природниот прираст е негативен – 843 лица, што значи за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Во последното тримесечје од минатата година биле склучени 2.824 бракови, за 1,6 % повеќе во споредба со истиот период од 2022.

Во ова тримесечје добиени се 599 извештаи за разведени бракови.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Словенија уапси двајца руски шпиони, едниот живеел под лажен идентитет и имал аргентински пасош

Редакција

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за 200 денари

Редакција

Компанија од Будимпешта го доби тендерот на Град Скопје за набавка на автомеханичка скала вреден 1,7 милиони евра

Редакција