Македонската компанија „Сајтрокс“, која е на „црната листа“ на САД, заврши и на листата за санкции на американското Министерство за финансии.
На листата е заедно со уште четири други фирми и две физички лица поради улога во развојот на шпионскиот софтвер „Предатор“.
Под санкции се ставени и грчката компанија „Интелекса С. А“, компаниите „Интелекса Лимитед“ и „Талестрис Лимитед“ од Ирска и унгарската компанија „Сајтрокс Холдинг“.
Санкции има и за Тал Џонатан Дилијан – основач на конзорциумот „Интелекса“ и Сара Александра Фајсал Хаму – специјалист за корпоративен офшоринг која обезебедувала менаџерски услуги за конзорциумот „Интелекса“.
Сите тие, според Министерството за финансии на САД, биле поврзани со конзорциумот „Интелекса“ во поглед на развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијална технологија за шпионски софтвер што се користи за таргетирање Американци, вклучително владини службеници, експерти за политики и новинари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Македонската компанија „Сајтрокс“ ставена на црната листа на САД
„Сајтрокс“ заедно со уште три фирми од Грција, Унгарија и Ирска беше ставена на американската „црна листа“ во јули лани поради обиди за пристап до информациски системи, со цел загрозување на приватноста и безбедноста на поединци и на организации низ светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е македонската компанија „Сајтрокс“, која САД ја стави на црната листа
Фото: Унсплеш