Македонската филхармонија, заедно со Државниот симфониски оркестар од Солун, Националниот филхармонски хор и Софиската филхармонија, синоќа на сцената на националниот дворец на културата (НДК) во Софија, ја изведоа сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, под диригентската палка на маестро Најден Тодоров.
View this post on Instagram
На концертот сцената ја делеа музичари и солисти од трите земји, а првичната идеја е овој концерт да се повтори и во Скопје и во Солун.
Како солистка настапи нашата сопранистка со интернационалната кариера Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов.
View this post on Instagram
„Ова е уникатен настан кој соединува три оркестри од Бугарија, Македонија и Грција. Концертот е симбол на културната соработка во регионот и ветува дека ќе биде возбудливо искуство за публиката,“ информираат од Министерство за култура.
Фото: Марко Виденовиќ/Фејсбук/видео: Инстаграм/Македонска филхармонија/Софиска филхармонија