Малцинствата во Албанија, по заедничка инцијатива на македонското и грчкото малцинство, донесоа декларација со која бараат нов попис.
Единствено бугарското малцинство, кое до 2017 година не постоеше, не е дел од истата.
Со декларацијата не се признаваат резултатите од последниот попис во земјата. Малцинствата бараат попис по меѓнародните стандарди.
-Попишувањето на малцинствата кои живеат на територијата на Република Албанија уште еднаш не успеа да ги спроведе најдобрите практики на ова поле, во однос на соработката со претставниците на малцинствата, наше директно учество во процесот, подготовка на јасен билтен за прашања од карактерот на етничкото потекло, мајчиниот јазик и верската припадност, стои меѓудругото во декларацијата, во која се вели и дека во „деликатната фаза на собирање податоци на терен, информациите што ги собравме во различни региони, во руралните средини и урбаните центри, јасно говорат за тотален неуспех“.
Заеднички став на малцинствата е дека постоела вмешаност во процесот на државни функционери и структури без надлежност и законска оправданост, што го поткрепуваат со веродостојни пријави.
-Под овие услови, резултатите објавени со неоправдано доцнење од Државниот завод за статистика се неприфатливи, неосновани и претставуваат јасен показател за волјата вештачки да се ограничат нумеричките големини на малцинствата.
Ова е поврзано со продолжување на дискриминаторските политики, неспроведување на правата што им припаѓаат на припадниците на малцинствата и поврзани со зачувување и унапредување на нивниот идентитет.
Затоа јасно ја изразуваме нашата огорченост од неуспехот на пописот 2023 во однос на малцинствата и одбиваме да ги прифатиме објавените податоци како веродостојни, се вели во декларацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Албанија има 2.281 „северномакедонци”, Бугари од 0 во 2011 сега има 7.597
Албанија ја поправи грешката, „северномакедонци“ во пописот станаа Македонци
Фото: Унсплеш