еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

„Или дејствувајте итно, или распуштете се“, порача Зеленски пред Советот за безбедност на ОН

На обраќањето пред Советот за безбедност на Обединетите нации, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика земјите членки „веднаш“ да реагираат во однос на „воените злосторства“ извршени од Русија во неговата земја и додаде дека во спротивно светската организација треба само да биде „распуштена“.

Зеленски предложи да се исклучи Русија „како агресор и иницијатор на војната за да не ги блокира одлуките поврзани со нејзината агресија“ врз Украина, или да се направи се што се може за да се постигне мир.

Друга опција која што ја понуди е реформа или распуштање на светската организација.

Зеленски се осврна и на состојбата во Буча, прикажувајќи пред присутните, тела на загинати по улиците.

„Вчера се вратив од Буча, која неодамна беше ослободена. Нема злосторство што Русите не го извршиле таму. Убиваа жени кои се обидоа да побараат помош. Убија цели семејства и се обидоа да запалат тела.

Им сечеа вратови и екстремитети на луѓето. Им пукале од зад грб во глава откако ги мачеле и им ги врзувале рацете.

Тие убиваа и силуваа жени пред нивните деца. И тоа го направија руските војници. Светот допрва треба да види што направија во другите окупирани области на нашата земја, истакна Зеленски кој злосторствата на руската армија ги спореди со оние на терористичката организација Исламска држава.

„Знам што ќе кажат Русите за ова. Тие ќе ги обвинат сите освен себе си за овие злосторства. Ќе изнесуваат различни теории за никој да не знае што се случило. Но, ова е 2022 година, имаме конкретни докази, имаме сателитски снимки,“ изјави Зеленски.

Тој пред присутните на Седницата, потенцираше дека „ако вака продолжи, сите земји ќе се потпрат на своите вооружени сили, а не на меѓународното право. ОН тогаш може да престанат да работат. Дали сте подготвени за тоа? Ако не, тогаш мора да дејствувате итно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Некои од телата во Буча лежеле на улица со недели

(Вознемирувачко видео) Нова масовна гробница во село во околината на Киев

Фото: Фејсбук/Зеленски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фридом хаус“: Македонија бележи напредок, но останува „делумно слободна“ земја

Редакција

Мапа: Во половина македонски градови има заболени од корона вирусот

Редакција

Комерцијална не ги објави примањата на Фатмир Етеми, член на НО, кој купи 500 акции на Банката

Редакција