Пратеникот од Левица, Борислав Крмов вели дека ќе ја плати штетата што ја направи во Собранието.
„Слободно, нека ми ја пратат сметката, тоа е најмалиот проблем. Ќе ја платиме штетата, но штетата од процесот што се случи е неповратна.
Собранието, на еден начин се самоукина. Собранието сега е само обичен извршител на Владата и следната влада којашто ќе дојде на власт практично веќе нема да има Собрание“, рече Крмов во гостување во емисијата „Тешки муабети“ на „Инфомакс“.
Собранискиот спикер Талат Џафери, изјави дека полицијата направила увид во Собранието и понатаму постапката треба да ја води Обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил пратеникот Крмов, кој искрши монитор и микрофон во Собранието
(Видео) Крмов кршеше во Собрание, Апасиев со чевел ставаше печат на амандманите за Деловникот
Фото: Крмов/Фејсбук