Од Алкалоид АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Живко Мукаетов, претседателот на Управниот одбор (УО) и генерален директор на компанијата, се стекнал со 469 обични акции на Алкалоид и сега поседува вкупно 130.500 или 9,12% од вкупниот број акции.
Акции на компанијата купил и членот на УО, Виктор Стојчевски. Тој се стекнал со 200 обични акции.
Акции на компанијата купила и Оливера Панева, член на УО. Таа се стекнала со 100 обични акции.
По 200 акции на Алкалоид купиле уште два члена на УО, Ќире Ицев и Ѓорѓи Јованов.
Купувањето на акции од страна на менаџмент на компанија покажува дека тие веруваат во нејзиниот бизнис и перспективи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колкав промет е остварен со акциите на Комерцијална, Алкалоид и Макпетрол, најтргуваните во март
Херојот Јован Костадинов доби стипендија од Алкалоид