еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мерки за претпазливост за шест полицајци за пожарот во Кочани

На шест од десетте полициски службеници кои станаа дел од проширената истрага за пожарот во т.н. дискотека во Кочани од страна Основниот кривичен суд Скопје им се одредени мерки на препазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Кривична за 10 полициски службеници за пожарот во Кочани, шест се приведени, по еден се трага, тројца се веќе во притвор

„Мерките се – одземање патна испара, забрана за напуштање живеалиште, јавување во суд, забрана за контакти со останати обвинети/осомничени и забрана за преземање одредени работни активности“, велат од Судот.

Основното јавно обвинителство денеска отвори истрага за десет полициски службеници за пожарот во Кочани.

-Во конкретниот случај постои основано сомнение дека осомничените во временскиот период од 07.12.2012 година до 21.01.2022 година, како соизвршители, сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност.

Според описот содржан во наредбата за спроведување истражна постапка, осомничените како службени лица вработени во СВР Штип и ПС ОН Кочани, во погоренаведениот временски период, како соизвршители, не постапиле според прописите за мерките за заштита – не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за кабаре „Пулс“, во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир.

Со издавањето на согласностите сите заедно му овозможиле на правното лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност, иако истото не ги исполнувало предвидените услови, информираа од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Месечен надометок од 155 илјади денари за претседателот на Одборот на директори на Македонски телеком

Редакција

Мртов е пронајден исчезнатиот 85-годишен Томе Божиновски по кој се трагаше неколку дена

Редакција

„Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања„, велат од „Песталоци“ за нивната поранешна ученичка

Редакција