еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

МЗТ Пумпи лани со намалени приходи

МЗТ Пумпи АД Скопје лани остварила бруто добивка пред оданочување од 4.911 илјади денари, односно нето добивка по оданочување од 3.993 илјади денари, информираа од таму преку Македонската берза.

-Во пресметковниот период јануари –  декември од деловната 2024 година остварени се оперативни приходи во износ од 120.504 илјади денари кои бележат намалување за 41 % во однос на истиот пресметковен период од минатата година.

Во структурата на оперативните приходи, приходите од продажба на домашен пазар бележат намалување од 55% во споредба со истиот период од минатата година, додека приходите од продажба на странскиот пазар бележат зголемување од 3% во споредба со истиот период од минатата година.

Вкупните оперативни расходи во 2024 година изнесуваат 114.414 илјади денари, кои бележат зголемување за 42% во однос на истиот период од минатата година, што се должи на намалениот обем на производство и намалениот обем на работа.

Промената на вредноста на залихите во пресметковен период од деловната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на пресметковниот период, генерира приходна ставка во износ од 3.523 илјади денари и Друштвото оствари оперативна добивка во износ од  9.613 илјади денари

Финансиските приходи во пресметковниот период од деловната година 2024 година се зголемени од финансиските приходи во пресметковниот период на минатата година речиси за 9%.

Финансиските расходи во пресметковниот период од деловната година се поголеми од финансиските приходи  од деловната година во износ од 4.762 илјади денари, што ја намалува оперативната добивка и друштвото оствари добивка од редовно работење на износ од 4.911 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Водостопанство склучи договор со МЗТ пумпи вреден 981 илјади евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во европските земји има над 8 милиони украински бегалци

Редакција

(Фото) Во Пелагонија ветер од 150 км/час, од невремето во Велес и Скопје паднати бандери, дрвја и оштетени автомобили

Редакција

44-годишен кавадарчанец починал дома, посмртно бил земен брис и бил позитивен на корона вирусот

Редакција