Поради бугарското државјанство, кое според бугарската агенција БГНЕС го зела во 2004 година, кога Бугарија не беше членка на Европската унија, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, повторно е топ тема во јавноста, не само во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истото не го пријави во нејзината биографија, а по најновите медиумски натписи во Бугарија, за македонската државна агенција МИА таа вели дека моментално поседува само македонско и чешко државјанство и дека сега нема важечка бугарска патна исправа и документ за идентификација.
Таа лани на 14. септември побарала отпуст од бугарското државјанство и повторува дека бугарски пасош зела од економски причини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Државјанството кое го поседувала во минатото е земено од економски причини како што тоа го направиле многу македонски граѓани, а не како што некои актери сега сакаат да ја извртат вистината дека станува збор за национални причини“, се вели меѓудругото во соопштението од нејзиниот Кабинет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерката Божиновска се уште има бугарско државјанство, тврдат бугарските медиуми
Процедурата за отпуст според бугарските медиуми се уште не е завршена и таа се води како бугарски државјанин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Сања Божиновска, кандидат за министер за енергетика
Фото: Влада