еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Младите вандали ќе фарбаат клупи, менуваат лулашки и ќе купуваат опрема

Иницијативата за општо корисна работа на малолетници кои вандализираат урбана опрема во Центар предвидува фарбање на клупи, менување лулашки, но и купување на опремата којашто ја имаат оштетено, информираше градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во гостувањето во емисијата „Во живо – Програма на градови” на МРТ1.

„Преку општествено корисна работа, малолетните деликвенти, односно оние што имаат уништено дел од урбаната опрема, заедно со родителите да фарбаат клупи, менуваат лулашки, да си ја купат опремата којашто ја оштетиле. Зошто да трпат сите граѓани?

Ни се трошат општински средства, односно граѓански средства за постојана реконструкција на неколку месеци и обновување на детски катчиња, кога може да го наплатиме од оние коишто го уништуваат истото.

Што се должни останатите жители да трпат ваков вандалски однос на дел од малолетниците и не е само уништувањето, туку и нарушувањето на јавниот ред и мир во ноќните часови во одредени маала. Постојано повикуваме до МВР да има што поголем број на полициски контроли за сето тоа да го стопираме”, вели Герасимовски.

Герасимовски, истакнува дека соработката на Управниот одбор на ЗЕЛС е одлична со сите градоначалници без разлика на политичка партија.

„Доколку ние меѓусебно не се поддржуваме и не соработуваме на крај страдаат граѓаните. Нас ни е целта и за тоа сме избрани да направиме што подобри услови за живот на нашите жители”, рече Герасимовски.

По низата случаи со украдениот багер и уништено возило во Капишец, уништени детски и спортски игралишта, како и крадење на опремата на хигиеничарите во општината, Општина Центар достави иницијатива до ЗЕЛС која беше едногласно прифатена за вршење општокорисна работа на малолетните деликвенти кои вандализираат во Центар.

„Потребни се неколку законски измени за истата да профункционира, но одлично пројде во јавноста и верувам дека преку ЗЕЛС и Владата ќе ја вметне во нови законски измени коишто за брзо време ќе бидат спроведени”, порача Герасимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски, малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можен ли е пресврт во 5 до 12 за Македонија на ЕУ самитот: Германците знаат да играат до последната секунда

Редакција

Со „Опел корса“ удрил во две жени во Скопје

Редакција

Меѓу преживеаните во несреќата во Бугарија е и српски државјанин, кој повреден помогнал во евакуација на патници

Редакција