еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки-13 бара вонреден надзор и контрола од страна на Судскиот совет, заради кршење на човекови права

Правниот тим на Бојан Јовановски -Боки 13 од Судскиот совет бара да се формира комисија која ќе спроведе вонреден надзор за неговата состојба и за тоа „дали во предканцерогена состојба, тој навистина треба да биде одбиен во барањето да му се дозволи прекин на издржување на затворската казна поради сериозноста на здравствената состојба.“

„Согласно вашите надлежности го истакнувам предметното барање до вас и барам итност при вашето постапување, со оглед на околноста дека изразувам основано сомневање дека решението за предметот ПК бр.18/22 е фалсификувано и антидатирано со злоупотреба на АКМИС системот, злоупотреба со смртта на судијата кој постапуваше по предметот и злоупотреба на судиска функција и функцијата претседател на суд, дотолку повеќе што решението е со датум 31.01.2023 година, а е потпишано со апостроф од друго лице, а предметниот судија Огнен Ставрев доколку го донел решението бил должен истото да потпише и веднаш да го верифицира истото во акмис системот“, се вели во барањето до Судскиот совет.

Во ова барање се додава дека „особено важно за напомена е фактот дека покојниот судија активно и секојдневно имаше службени котакти со бранителот, Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје се до 3 февруари 2023 година во врска со постапката и примаше дополненија со нови медицински докази заклучно до ден 3 февруари 2023, за кои имаат докази со приемен печат од судот и во ниеден момент не го известил бранителот дека донел решение.“

„Сето наведено оди на моја штета како подносителот на барањето, особено на штета по мојот живот и здравје. За предметот на ова барање ви ја доставувам во прилог на истото целокупната документација од ПК бр. 18/22, односно судското решение, жалбата кон истото и целокупната медицинска документација.

При постапување од ваша страна барам по службен пат да ги прибавите комплет судските списи од предметот, исто така истакнувам и посебно барање да бидам повикан на јавна седница на Судскиот совет при одлучување по ова барање каде би можел пред вас да ги образложам наводите за сите незаконити и негативни дејствија сторени од страна на Основниот кривичен суд Скопје, како и да ја образложам основаноста на предметот на поставеното барање, особено апелирам да не се изземе фактот дека оваа правна ситуација е со висок степен на јавен интерес, па оттука барам апсолутна транспарентност при постапувањето на поставеното барање до вас“, се додава во барањето.

Боки 13 апелира и замолува за итност, бидејќи, како што вели се работи за грубо кршење на законот и неговите уставно загарантирани човекови права.

Боки-13 е осуден во предметот „Рекет“ и доби деветгодишна казна затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 вратен во затвор во предканцерогена состојба, велат од неговиот правен тим

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордно ниска излезност на изборите во Грција, во Парламентот влегоа неколку радикални десничарски партии

Редакција

Куновска: Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство

Редакција

Најчестите претходни заболувања кај пациентите со коронавирус во Македонија

Редакција