еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 вратен во затвор во предканцерогена состојба, велат од неговиот правен тим

Осудениот Бојан Јовановски – Боки 13, кој издржува казна за случајот „Рекет“ е вратен во затвор во предканцерогена состојба, соопштија од неговиот правен тим.

„Ваквото постапување е спротивно на препораките дадени од десетици лекари кои го лекуваа Јовановски во изминатиот период, спротивно на конзилијарните мислења и лекарските извештаи.

Во нив јасно стои дека без прекин на казната, услови за лекување на метаплазието на желудник не може да се спроведе во пенални услови, а со оглед на специфичната состојба во која се наоѓа“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека „доколку не се спроведат дадените препораки за понатамошно лекување на пациентот исклучиво и единствено во задолжителни домашни услови, согласно сето погоренаведено ќе настанат трајни последици по животот и здравјето на пациентот.“

Јовановски очекува тортурата кон него да биде поинтензивна и поради сите јавни објави, потенцираат тие и ја повикуваат јавноста будно да го следи процесот кој тој го иницираше.ж

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Боки 13 се жали на „незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

426 казни за неносење маска

Редакција

Епидемиолошката состојба станува се посериозна, максимално да се почитуваат мерките, предупредува Филипче

Редакција

Димовски поднесе предлог за пополнување на Антикорупциска

Редакција