еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Боки 13 се жали на „незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје“

Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, кој е на издржување на казна затвор во затворот „Идризово“, во соопштение до медиумите, реагира дека врз него се врши „незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје“.

Правниот тим на Јовановски, во соопштението споделува и медициска документација со која, како што вели, се докажува дека во затворот „Идризово“, каде се наоѓа на издржување на казна затвор, е вратен со метаплазиран желудник, претканцерогена состојба и во лоша здравствена состојба

Ја информирам јавноста дека врз мене се врши незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје, каде имав истакнато барање за прекин на издржување на казна затвор поради влошена здравствена состојба од животно загрозувачки карактер.

Наместо законита одлука темелена на докази добив судско решение за кое изразувам основано сомневање дека е фалсификувано и антидатирано под директна наредба од страна на претседателот на Основниот кривичен суд, Иван Џолев, се вели во соопштението од Јовановски.

Јовановски, исто така, посочува дека за сето ова се известени со посебни барања и иницирани постапки, раководителот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, амбасадорката на САД, Судскиот совет, Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур и други меѓународни и домашни организации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинувањата на Бојан Јовановски се неосновани и се манипулирање со јавноста, велат од Кривичен

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски позитивен на Ковид–19

Редакција

Појава на кластер ја зголеми бројката на новозаболени од Ковид-19 во Кичево

Редакција

ПОРТРЕТ: Која е Невенка Стаменковска Стојковски, новиот заменик министер за информатичко општество и администрација

Редакција