еМагазин
Image default
Македонија

Епидемиолошката состојба станува се посериозна, максимално да се почитуваат мерките, предупредува Филипче

На утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести и претседателката на Националниот комитет за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова, се разгледуваше епидемиолошката состојба која од ден во ден станува се посериозна, објави денеска на својот Фејсбук профил, министерот за здравство, Венко Филипче.

Менаџирањето на ситуацијата, како што посочува, индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога во сила стапуваат новите мерки.

-Процесот на вакцинација се одвива непречено на сите пунктови низ државата и се надеваме дека овој тренд на зголемена заинтересираност и натаму ќе продолжи.

Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење на лична хигиена и вклучување во процесот на имунизација. Вакцините штитат од тежок тек на болеста, од смртен исход и го отежнуваат неконтролираното ширење на вирусот, напиша Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од денеска на ручек или кафе со потврда за вакцина или за прележан Ковид-19

Филипче: Заболувањето носи голем ризик, а вакцините го намалуваат тој ризик и до 20 пати

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Редакција

Се огласи Христијан Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го исчисти лошото во партијата

Редакција

Пресечен меѓународен канал за трговија со луѓе, 48 лица вратени во Тајван заедно со доказниот материјал

Редакција