еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Младите започнуваат движење за интернет без омраза

На Меѓународниот ден за побезбеден интернет, Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата Телеком за Македонија објавија партнерство за интернет без врсничко насилство и без говор на омраза и движење предводено од деца за похуман онлајн свет, информираат од таму.

„Преку ова партнерство се стремиме на децата да им дадеме моќ, простор и алатки заеднички да создаваат иницијативи што одговараат на нивното сопствено искуство и се во линија со нивните секојдневни борби на интернет.

Нашата цел е да им понудиме на девојчињата и момчињата социјални вештини и стратегии за справување, да ја градиме нивната отпорност, а воедно да ја подигнеме јавната свест за последиците од онлајн врсничкото насилство врз физичкото, менталното и емоционалното здравје“, рече претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер. „Сакаме да создадеме движење во кое децата ќе се спротивстават на врсничкото насилство онлајн и ќе промовираат човечност и љубезност во дигиталниот свет”.

„За нас е многу важно секој да има пристап до можностите на дигиталниот свет, а омразата на интернет ги загрозува сигурноста, почитта и инклузивноста на овој простор. Овој негативен феномен особено влијае на младите луѓе, коишто се најмногу засегнати.

Во оваа значајна фаза од нивниот личен раст и развој, наша одговорност е да ги научиме како да ѝ се спротивстават на омразата и да станат двигатели на позитивна промена,” рече Никола Љушев, претседател на Фондацијата Телеком за Македонија.

Оваа двегодишна иницијатива е продолжение на долгогодишното партнерство помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија преку кое во текот на сите овие години им се обезбедува помош на децата и на младите при нивното справување со некои од најголемите предизвици со кои се соочува нивнатагенерација.

Досегашната соработка опфаќа: поддршка за еднакви можности за предучилишно образование на децата од руралните области, изработка на дигитални решенија за намалување на бариерите со кои се соочуваат децата со попреченост, како и дигитални решенија за справување со климатските промени.

Целта на новото партнерство е да се создаде движење преку кое младите ќе се борат за интернет без врсничко насилство и говор на омраза преку едукација, ко-креација и конкретни акции предводени од млади како застапници коишто ќе ги инспирираат и другите да се приклучат и да го прошират движењето низ целата земја.

УНИЦЕФ заедно со Фондацијата Телеком за Македонија ќе објават отворен повик до децата и до адолесцентите да се вклучат во врсничката програма и во активностите за социјална мобилизација коишто ќе се спроведуваат во партнерство помеѓу Сојузот на извидници на Македонија и УНИЦЕФ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео+фото) Бројни тела по улиците на Буча, 280 лица закопани во масовна гробница

Редакција

Општина Куманово вработува пет лица, плата до 37.647 денари

Редакција

Досега не е поднесена жалба против решението за упис на основање на здружението „Иван Михајлов“, велат од Централен регистар

Редакција