Освен тапанарот Горги Горгиев, засега е потврдена и информацијата дека помеѓу загинатите во дискотеката во Кочани е и друг член на бендот, Филип Стевановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тапанарот на ДНК Горги Горгиев, помеѓу загинатите во пожарот
Стевановски, по потекло од Куманово, бил и директор на Центарот за култура Штип.
„Филип Стевановски е магистер по џез и директор на штипскиот Фестивал за детски песнички „Весело Штурче“, познат е кај штипската и македонската музичка публика како истакнат во својата продуцентска и композиторска дејност.
Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ – Штип.
Стевановски своето основно образование го завршил во Куманово. Своето школување го продолжува во „Илија Николовски – Луј“ Скопје, а подоцна своето образование го усовршува во Америка.
Завршува два факултети вокално инструментален оддел класична музика и џез оддел,“ пишува кумановскимуабети.мк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројката на загинати во пожарот во дискотеката се искачи на 59, на повредени 155
(Видео) Оваа е шупата, т.н. дискотека во Кочани во која ни загинаа најмалку 51 дете
Фото: Фејсбук/ДНК