Соработката на Алкалоид со мултинационални компании како Pfizer и Sanofi се протега пет децении наназад. Во 2005 година воспоставивме успешна соработка со американски компании специјализирани за производство на билни производи, како што се Aveda, Arbonne International, Swanson, итн.. Првата дозвола за продажба во Европската Унија (ЕУ) ја добивме за Лизиноприл во 2007 година, а денес во ЕУ имаме над 950 дозволи за наши сопствени фармацевтски производи. Компанијата оттогаш постојано расте и до денес има постигнато петкратен раст, што воопшто не беше лесно, вели во интервју за The Region, Живко Мукаетов, претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Алкалоид АД Скопје.
Тој вели дека континуираниот деловен успех и одржливиот развој на Алкалоид главно се должи на квалитетот на производите на компанијата, вработените во компанијата, брендот Алкалоид и поединечните брендови изградени во текот на децении од несебично посветени генерации вработени.
–Да се биде извозно ориентирана компанија со седиште во Северна Македонија не беше воопшто лесно, но ние издржавме на тој пат благодарение на нашите знаења, вештини и ресурси. Сега сме присутни на сите континенти. За да се успее во развиените земји, мора да се придржувате до принципите на добро владеење, да имате висок и постојан квалитет на производите и услугите и да бидете доволно конкурентни.
Новите капацитети за производство на цврсти дозирани форми се во согласност со строгите GMP стандарди, сите процеси се целосно интегрирани и дигитализирани, а податоци се генерираат и собираат автоматски. Така, воведовме и некои нови технологии, како што е сува гранулација со ролер компактор и двослојни таблети, вели тој.
Целото интервју на македонски јазик, ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алкалоид отвара уште една компанија во Хрватска, открива Мукаетов во интервју за „Јутарњи лист“