еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Мурал во чест на Андреј од ДНК: „Животот е круг знај“

Мурал во чест на загинатиот пејач на ДНК, Андреј Ѓоргиевски „осамна“ на зграда во скопски Аеродром.

„Животот е круг знај, животот се врти некогаш сме последни некогаш сме први се е круг знај, животот се врти денес имаш се, а утре ништо не,“ пишува на муралот, кои се стихови од песната на ДНК, “Круг“.

Дамјан Јордановски од кафулето „Шо има“ на чиј што ѕид е овој мурал вели дека Андреј ќе живее вечно преку песните и муралот.

„Заедно сите растевме, се смеевме, забавувавме, журкавме до бесвест, тагувавме, плачевме, посветувавме песни на новите и стари љубови, едноставно од старо до мало сите ги обожававме…!

Тргнувајќи од себе љубовта кон Андреј и ДНК секојдневно ги пренесував низ нивните песни во кафулето, толку ги слушав што почнаа да ми викаат “досаден си Дамјан дај смени…”.

Кобниот ден отидов сам во „Шо има“ да читам книга мислејќи дека малку ќе ми помогне од целиот шок, но ме прекина веста за Андреј…

Затоа решив трите работи што ми значат да ги спојам во едно: кафулето, Андреј и омилената песна од него. Ова е најмалку што можев да направам.

Андреј ќе живее вечно, како низ песните, така и муралот ќе не потсеќа на неговото дело и ќе ни буди добри спомени,“ пишува Јордановски на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани

(Видео) „Ако утре ме нема, тажни да не ве гледам“, пееше Андреј, групата ДНК загуби седум членови

Фото: Инстаграм „Шо има“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Децата на Заев се вакцинирале против Ковид-19

Редакција

„Македонците се Бугари, Македонија е бугарска„: Како на социјалните мрежи во Бугарија се шири говор на омраза

Редакција

Општина Сарај остана без градоначалник, Блерим Беџети стана пратеник

Редакција