еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Муцунски го разреши внукот на Ахмети, Бесиан од прв секретар во Амбасадата во Брисел

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски го разреши Бесиан Ахмети, внук на Али Ахмети, од позицијата прв секретар во македонската Амбасада во Брисел, објави МКД.мк.

Муцунски му го прекинал работниот однос две години пред истекот на договорот и наместо на 1. мај 2026, мандатот како прв секретар, на Бесиан Ахмети според донесеното решение му престанува на 1. август годинава

Ахмети е осомничен за случајот со злоупотреба на концесија за минерални суровини.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) пред неколку дена информираа дека се поднесени кривични пријави за внуците на Ахмети, браќата Дрин Ахмети и Бесиан Ахмети.

Кривичната, како што информираа од МВР ја заработиле, бидејќи директорувале со фирма која копала варовник кај кичевски Зајас, но не уплаќале пари во македонскиот Буџет, согласно концесискиот договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични за внуците на Ахмети, Дрин и брат му Бесијан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 13 лица, најмногу од Скопје, пет

Редакција

Општина Аеродром склучи договор со фабрика Карпош, вреден 1,9 милион евра

Редакција

Mакедонската craft ракија „Гордион амбер“ на Гевгелиска дестилерија, ќе се дистрибуира преку КОЛА

Редакција