еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

На Велики Понеделник почина Папата Франциск

Денеска, на Велики Понеделник на 88-годишна возраст почина Папата Франциск.

До неодамна беше на лекување, а починал во неговата резиденција во Ватикан, Каса Санта Марта.

Тој беше 266-тиот папа на Римокатоличката црква, првиот од Америка, првиот језуит и првиот понтиф роден надвор од Европа во повеќе од еден милениум.

Роден е како Хорхе Марио Бергољо во Буенос Аирес, Аргентина.

Пред да влезе во језуитите во 1958 година работел како хемиски техничар.

Тој беше ракоположен за свештеник во 1969 година и од 1973 до 1979 година стана провинциски надреден на језуитите во Аргентина.

Во 1998 година беше назначен за надбискуп на Буенос Аирес. Три години подоцна, тој беше издигнат на Колеџот на кардинали од папата Јован Павле Втори.

Беше избран за папа во 2013 година, по оставката на папата Бенедик Шеснаесетти.

Го избра името Франциск во чест на Свети Франциск Асишки, што ја одразува неговата посветеност на смирението и сиромашните.

Пред неколку години беше и во посета на Македонија.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пред пет години: Бил Гејтс предупреди дека светот не е подготвен за корона вирусот

Редакција

(Фото) Министрите Бектеши и Бесими доживеале сообраќајна несреќа кај Владата, нема потешко повредени

Редакција

Објавени тендерите за избор на консултанти за студиите за електрична интерконекција меѓу Грција и Египет

Редакција