Пејачката Тамара Тодевска, која на 8. мај организира хуманитарен концерт за погодените од трагедијата во Кочани, на својот Фејсбук профил информираше дека за концертот и барале и гратис карти.
-Има и такви кои и за ваков концерт бараат од фамозните гратиси. Сепак, јас сум убедена дека нѐ има многу повеќе добри луѓе и општествено одговорни компании/бизниси, кои во вистинска смисла на зборот се хумани и солидарни, пишува таа и потенцира дека и таа си купила карта за нејзиниот концерт и дека продажбата одела добро.
Концертот ќе се одри во Младинскиот културен центар со почеток од 20 часот, а влезницата чини 1.000 денари.
Фото: Промо
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.