еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Фото) Споменикот на природата стана бара: Ќе го вметне ли некој во изборната програма Преспанското езеро?

Преспа, еден од најубавите краишта во Македонија наскоро може да остане без својот бисер Преспанското езеро, кое станува голема бара поради повлекувањето на водата. Според последните информации, нивото на водата е намалено за 9 метри, а има и огромно повлекување на крајбрежната линија.

Преспанско езеро е класифицирано како Споменик на природата согласно Законот за заштита на природата од 2004 година.

Ваквото прогласување се должи на фактот што тоа е дел од природата кој поддржува засегнати видови како што се ридската желка, во категоријата на „ранлив вид“, преспанската пастрмка, во категоријата на „критично загрозен вид“, преспанската мрена, во категоријата на „ранлив вид“ и кадроглавиот пеликан.

„Преспанското Езеро како споменик на природата претставува многу значаен дел од сите заштитени подрачја во Република Македонија од категорија III на IUCN, споменици на природата. Неговата површна учествува со приближно 29 отсто од вкупната површина (61.680 хектари) на сите споменици на природата во Македонија“, пишува во планот за управување со Преспанското езеро 

ПРЕД ОЧИ НИ ИСЧЕЗНУВА НАЦИОНАЛНО БОГАТСТВО 

Сепак, со оглед на тоа што има драстично намалување на неговата површина поради повлекување на водата јасно е дека овие параметри сега се променети и дека Македонија пред очите на надлежните губи огромно национално богатство.

Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски неодамна за МИА изјави дела со владина поддршка ќе го решава проблемот со наглото повлекување на водата на Преспанско Езеро.

„Не сме осамени во мерките за заштита на Преспанското езеро. Напротив на мое барање и предложен заклучок, добив целосна владина поддршка за преземање итни мерки за заштита за езерото. Според заклучокот, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе формира работна група од надлежни институции, стручните лица во најкус рок ќе извршат увид на состојбата со водостојот на Преспанското Езеро и ќе изработат извештај за причините за енормното повлекување на водата.

Исто така, очекувам да предложат конкретни мерки и активност за спречување на понатамошното повлекување на водата од езерото“, изјави Гошаревски.

Тој изрази очекување во заедничките мерки и активности за заштита на Преспанското Езеро од повлекување на езерските води да се вклучат, и свои анализи и видувања да понудат пограничните општини од соседна Грција и Албанија, а се со цел да се стабилизира водостојот на Преспанско Езеро.

ИЗБОРИТЕ ПРЕЧКА ИЛИ ШАНСА 

Граѓаните на социјалните мрежи постојано постираат фотографии од катастрофата што се случува во езерото, што укажува на тоа дека додека надлежните реагираат тоа може целосно да исчезне.

Со оглед на тоа дека сега следуваат избори станува извесно дека решавањето на проблемот со езерото ќе биде замрзнат поради кампањите. Прашање е дали на политичките партии воопшто ќе им текне оваа справувањето со оваа катастрофа да биде дел од нивните изборни програми.

Фото: Фејсбук/Сара Божиноска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија стана петта земја во светот по бројот на заразени од коронавирусот

Редакција

(Фото) Пристигнаа нови лесни оклопни возила JLTV од американско производство

Редакција

ЕУ го одобри десеттиот пакет санкции против Русија

Редакција