еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Пристигнаа нови лесни оклопни возила JLTV од американско производство

Министерството за одбрана информира дека пристигна воен конвој со новите возила на Армијата – лесните оклопни возила JLTV Oshkosh, кои се од американско производство.

Лесните оклопни возила JLTV се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Македонија согласно НАТО стандардите и истите ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица.

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување на договори помеѓу владите на Македонија и САД, а досега се пристигнати 32 возила од овој тип.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Престанува забраната за одржување спортски натпревари: Ќе се игра без публика

Редакција

Од Ковид-19 починале 14 лица, од нив тројца на 42-годишна возраст

Редакција

И Пендаровски би се иселил од Македонија, еми ние што да кажеме

Редакција