еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народна банка: Основната каматна стапка останува на нивото од 6,30%

На редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (НБ) било одлучено каматните стапки да останат непроменети, во услови на значително забавување на инфлацијата и поволен девизен пазар, но и при се уште присутни ризици, информираат од НБ.

-Со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, со истовремено задржување на каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно.

Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

На седницата беше оценето дека задржувањето на тековното ниво на каматните стапки, заедно со промените кај задолжителната резерва (последните со примена од декември 2023 година) и со макропрудентните мерки преземени досега, ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и задржување на стабилноста на девизниот курс, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлацијата забавува, но и понатаму е висока во споредба со историскиот просек, велат од Народна банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) На море во Охрид: Плажа „Лабино“

Редакција

Цементарница Усје ќе дели дивиденда од 1.273 денари по акција

Редакција

Нобеловецот Кругман: Инфлацијата ќе се стабилизира, бидејќи инфлаторните очекувања се краткотрајни

Редакција