На Инстаграм момчето на 22-годишната Фросина Кулакова, Петар Ристов, објави емотивна објава.
Порача дека ќе се бори до последен здив за правдата да биде задоволена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починатата Фросина Кулакова била дизајнерка од Неготино
-Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме. Нашите планови ги срушија за миг.
Ти беше личност полна со љубов и разбирање за секој еден и секогаш борбена до крај се додека не си ја постигнеше зацртаната цел.
Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, а ние овде ќе се бориме до последен здив ПРАВДАТА за тебе да биде задоволена и монструмот кој те покоси и не зацрни да си ја добие заслужената казна.
Знам дека баш ти ни ја даваш оваа сила од горе за да станеме и да се бориме против сите кои придонесоа тебе да те снема на ваков суров начин. Знај дека беше и вечно ќе останеш најсакана АНГЕЛУ мој, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Постапката која се води за Васил Јованов, проширена и за неговите родители
„Kолоритност и убавина што ја зрачеше постојано“: Дизајнерите за Фросина Кулакова
Фото: Ристов/Инстаграм/еМагазин