еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Најмногу ме погоди што Македонија гласаше за Резолуцијата за Сребреница, најмногу вложив во односите со нашите браќа Македонци, вели Вучиќ

Во интервју за српската телевизија Прва, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека е разочаран што Македонија гласаше за Резолуцијата за Сребреница и дека тоа најмногу го погодило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во ОН усвоена Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

„Најмногу вложив во односите со нашите браќа Македонци, но тоа не е фер. Испадна дека Грција има повеќе кичма од Скопје, и тоа е точно. Црна Гора не ме ни погоди, ме погоди поради нашите луѓе“, рече тој.

Македонија освен што гласаше „за„, беше и една од 34. земји коспонзори на Резолуцијата.

Тој посочи дека „најодвратно му било однесувањето на Црна Гора“.

„Не ме разочараа, бидејќи тоа го очекував. Му реков на Спајиќ (премиерот на Црна Гора) дека не мора да ме залажуваат, дека знам дека ќе гласаат. Нема да им испратиме протестна нота дури и затоа што гласаа дека сме геноцидни“ рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Република Српска ќе побара од Босна и Херцеговина договор за мирно отцепување

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Забрани за движење за младите до 18 години и за постарите од 67 години

Редакција

Макрон по разговорот со Путин: „Најлошото допрва доаѓа“

Редакција

Љубчо Георгиевски нуди „излез“ од ќор-сокакот: Бугарија да направи список за бришење на навредливи содржини од македонските учебници

Редакција