Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираа дека се негативни резултатите за птичји грип кај двајца вработени во скопската Зоолошка градина.
Тие беа тестирани денеска, откако претходно во Зоолошката беше детектирано присуство на вирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ потврди птичји грип во Скопската зоолошка градина, ќе бид затворена 21 ден
„Направени се епидемиолошки анкети на сите 16 лица од списокот што е доставен од Зоолошката градина.
Денеска е направено тестирање за птичји грип во Одделението за вирусологија на лице што во епидемиолошката анкета има наведено дека еден ден имало симптоми на покачена телесна температура. Тестирано е и второ лице вработено во Зоолошката, што денеска се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми. По добиените резултати, двете лица се негативни на птичји грип“, велат од ИЈЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се лекува и кои се симптомите на птичји грип
Колку е голема веројатноста луѓето да се заразат со птичји грип, еве што велат докторите
Фото: МЗ