Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, која пред неколку дена изјави дека Европската унија (ЕУ) не може да и даде никакви гаранции на Македонија, дека освен постоечките услови од Бугарија, нема да има и нови пречки на нејзиниот европски пат, вчера од Бугарија изјави дека во ЕУ знаеле дека двете земји ќе постигнат договор за заштита на бугарското малцинство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ не дава гаранции дека и по уставните измени нема да има нови пречки за Македонија
Таа имаше средби со бугарскиот врв, а пред неколку дена најави дека по средбите ќе контактирала и со македонските политичари.
Бугарските политичари по средбите со неа пак посочија Македонија што поскоро да продолжела со спроведување на т.н. француски предлог, со што ќе ги почнела преговорите со ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија потсети дека уставните измени не се единствениот услов за старт на преговорите со ЕУ
Фото: Унсплеш